Полн назив на организацијата и скратеница
ЛГБТИ Центар за поддршка
Место на делување
Скопје/Национално
Целни групи со кои работи организацијата:
ЛГБТИ Центарот за поддршка е подружница на Хелсиншкиот комитет за човекови права основана во 2012 година. Мисијата на ЛГБТИ Центарот за поддршка е зајакнување на ЛГБТИ заедницата за самозастапување, како и менување на правниот и социјалниот статус на ЛГБТИ луѓето во Република Македонија. Својата мисија ја остварува преку следниве програми: Програма за застапување и лобирање, Програма за заедницата, Програма за интегрирани односи со јавност, Сигурна Куќа – шелтер центар за ЛГБТИ жртви од насилство и културно социјален центар „Комитет“. Целната група со која работи ЛГБТИ Центарот за поддршка се ЛГБТИ.
Услуги и сервиси кои ги нуди
Бесплатна правна помош, бесплатна психолошка помош и советување, стратешко застапување, мониторинг на законодавството, подигнување на јавната свест, едукација и зголемување на капацитетите на ЛГБТИ луѓето за само-застапување, обезбедување на безбеден простор за социјализација и креација, поддршка на ицијативи во областа на квир културата/уметноста и промоција на млади квир ументици, поддршка на иницијативи за застапување, згрижување на ЛГБТИ луѓе кои биле жртва на насилство и/или се во ризик од бездомништво во шелтер центарот Сигурна Куќа
Работно време
ЛГБТИ Центарот за поддршка работи секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.
Шелтер центарот Сигурна Куќа работи 24/7.
Контакт информации
ЛГБТИ Центар за поддршка
Наум Наумовски Борче 83, 1000 Скопје
Телефон: +389 2 3119 073;
Е-пошта: info@lgbti.mk
Веб-страница: www.lgbti.mk