Мрежата за заштита од дискриминација ќе поднесе претставка до Уставниот суд за начинот на избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Претставниците на Мрежата за заштита од дискриминација, денеска (сабота 23.12.23) одржаа прес конференција и упатија апел до пратениците кога ќе гласаат за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) тоа да биде непристрасно и во корист на граѓаните заради кои и постои  оваа институција.

Ние не бараме места за претставници за граѓанските организации во Комисијата, не бараме пратениците, политичките партии да ни направат услуга и да не’ изберат. Ние бараме фер, транспарентен избор, согласно закон, не за една, не за две позиции, туку за сите позиции во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација,  а ова Собрание, со години,  нема политичка волја тоа да го направи.

„Одлуката да ми го дадат најкраткиот мандат во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е понижувачка, не само кон мене, туку и кон целиот граѓански сектор и експертите што со години се занимаваат со дискриминацијата. Јавно кажувам дека нема да го прифатам најкраткиот мандат и сметам дека кон мене е сторена политичка дискриминација, бидејќи не сум поврзана со политичка партија, додека на другите кандидати кои се поврзани со политички партии им се дадени подолги мандати. За мене ова значи дека му се спротивставуваме на потценувачкиот однос кон граѓанскиот сектор, кон експертизата и знаењето и нема да дозволиме да мислат дека со тоа што ќе ни дадат мандат од 1 година и 2 месеци ќе не’ замолчат“, порача Драгана Дрндаревска, кандидатка за член во КСЗД .

Десет години ги убедувавме политичките партии дека треба да имаме сеопфатна заштита од дискриминација, да имаме професионално и независно тело што ќе ги штити сите граѓани од дискриминација и фактички ќе придонесе кон подобро општество за сите. Но со изборот на партиски кадри, независноста на Комисијата е повторно ставена под знак на прашање.

„За луѓето чии имиња деновиве циркулираат во јавноста, освен името на претставничката на граѓанскиот секот, Драгана Дрндаревска, владејачката стурктура можеби ќе рече дека се компетентни и дека може да ја извршуваат функцијата, но за сите нас кои присуствуваме на седницата на Комисијата за избори и именувања, беше многу јасно кој е компетентен и ги исполнува условите. Во Законот се вели: 7 годиини работно искуство во областа на човековите права, од кои 5 години во областа дискриминација. Вчечаток е  дека голем број од кандидатите мислат дека ги исполнуваат условите само заради тоа што се правници, нашите кандидати, сите кои се пријавија од граѓанскиот сектор имаат работено конкретно во областа дискриминација и тоа беше многу видливо кога се претставуваа. Сакам да го потсетам Социјалдемократскиот сојуз дека кога беа опозиција најмногу ја критикуваа работата на оваа КСЗД, токму поради изборот на партиски членови. Ги повикувам пратениците добро да размислат пред да гласаат бидејќи не може да се очекува луќе кои се избрани заради нивната партиска поврзаност да бидат непристрасни, фукцијата да ја извршуваат професионално и отчетно кон граѓаните. Не заборавајте – политичката дискриминација во Македонија е многу присутна и тргнувајќи од тоа не може да се очекува дека лицата што се избрани врз осова на партиска дека ќе можат непристрасно и професионално да одлучуваат токму во тие случаи на политичка дискриминација“, истакна Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

При постапката на избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) направени се неколку законски пропусти. Со оглед на тоа дека кандидатите треба да имаат 5 години искуство во областана дискриминацијата, а 7 години во областа на човековите права, очигледно е дека овааодредба многу широко се толкува затоа што делод предложените кандидати го немаат тоа искуство.

„Очигледно е дека погрешно е толкуван Законот, дека мандатот на јавен функционер, односно некој што е избран за вршител на јавнафункција од страна на Собранието. Мандатот не може да биде пренесен, ако истиот е истечен како во овој случај. Тоа е грешка, што треба да се исправи, затоа што мандатот не може да биде пренесен на друго лице, како што е случајот со Драгана Дрндаревска која е предложена за мандат од 1 година и два месеци, за разликаод другите кои имаат мандат од 5 години, а мандатот е истечен односно времето во кој требаше да биде избрано лице за таа позиција“,  рече Александра Цветановска, претседателка на Mакедонско здружение на млади правници.

Дополнително што меѓу предложените кандидати нема лица со попреченост, иако меѓу пријавените имаше луѓе кои имаат попреченост, а кои имаат големо искуство во оваа област. А комисијата, според Законот, како тело треба да ги одрази различностите во општеството, како и по основ на род, односно родово балансирано членство во Комисијата. Укажуваме дека треба да се размисли како суштински ќе се придонесе кон борбата против дискриминацијата затоа што изминатите 10 години работиме на јакнење на Комисијата и имаме успех во тоа, а со дел од предложените кандидати неизвесно е дали ова тело суштински ќе придонесе во борбата потив дискриминацијата.

Кандидатите за членови во Комисијата од граѓанскиот сектор Елена Кочовска, Давид Тасевски и Маја Атанасова кажаа дека со ваквиот избор, државата покажува дека не сака да има функционални институции и не сака луѓе кои, и покрај својата различност, можат многу да придонесат во развојот на државата. Не сакаме да дозволиме дека Комисијата која треба да им служи на најранливите граѓани во државата да стане жртва на партиското вработување. Не правиме притисок, туку Комисијата да ги отсликува различните целни групи. Во изборот на кандидатите за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратениците не го почитувале законот и заради тоа Мрежата за заштита од дискриминација ќе поднесе претставка до Уставниот суд.