МЗД има за цел да развива застапување во случаи на дискриминација преку поднесување предмети пред КСЗД и домашните и меѓународните судови.

Развојот на домашната практика е поттикната преку обезбедување бесплатна правна помош во стратегиски случаи на дискриминација. Мрежата беше воспоставена во декември 2010 од страна на следните организации: Фондација Отворено општество – Македонија; ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување; ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје; Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија (ЕСЕ); Ромска Oрганизација за Mултикултурна Aфирмација РОМА С.О.С. – Прилеп; Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА.

Актуелни членки на Мрежата се: Фондација Отворено општество – Македонија, Асоцијација за здравствена едукација и истражување (ХЕРА), Македонско здружение на млади правници, ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје, Хелсиншки комитет за човекови права, ЛГБТИ Центар за поддршка, Здружение ЕСЕ, Станица ПЕТ – Прилеп, Коалиција МАРГИНИ, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

https://www.facebook.com/mrezazazastitaoddiskriminacija

https://www.instagram.com/mrezazazastitaoddiskriminacija/