„Системска дискриминација кон земјоделките/ците во остварување на правото на платено отсуство поради бременост, раѓање, мајчинство и боледување“ E PUBLIKUAR MË 6 Prill 20236 Prill 2023 nga admin Мрежата за заштита од дискриминација и Комсијата за заштита од дискриминација на 11ти април 2023 година од 10.30 часот ќе одржат прес-конференција во Хотел Парк (кај стадион), сала Њу Јорк. На прес-конференцијата ќе се алармира за проблемот со правото на надомест во случај на бременост, мајчинство и боледување кај земјоделците како проблем на дискриминација и нееднаков третман и ќе се презентира предлог решението и мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе мислење со кое се утврди индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација кон земјоделците и земјоделките во остварување на правата на согласно Законот за здравствено осигурување и тоа правото на надомест во случај на боледување, бременост, раѓање и мајчинство. Со мислењето Комисијата препорача Министерството за здравство да подготви и предложи измени на Законот за здравствено осигурување со кои ќе се овозможи индивидуалните земјоделци да стекнат право на платено отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство, како и право на платен надоместок за време на привремена спреченост од работа поради болест и повреда.Мрежата за заштита од дискриминација подготви предлог решение со кое бара од Министерството за здравство и/или од Собранието да се донесат измени според кои земјоделците ќе добијат право на платено отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство, каде основицата за пресметка на надоместокот е нето износот на минималната плата. Барањето за измени на Законот за здравствено осигурување и предлог законското решение поддржано од 70 здруженија на граѓани беше испратено до Министерството за здравство и пратениците од Собранието на РСМ во декември 2022, но сѐ уште нема позитивен одговор. Во случајот се работи за мултисекторски проблем кој е поврзан со работничките права, статусот на земјоделците, социјалните и здравствените права кои се во надлежност на повеќе ресори. Неовозможувањето на право на платено отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство и платен надоместок поради болест или повреда е нехумана политика која дополнително го отежнува животот на луѓето од руралните области, со фокус на земјоделците и е спротивна на меѓународните и европските стандарди во областа како што се директивите на ЕУ, стандардите на Меѓународната организација на трудот и Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените. Додека институциите одбиваат да донесат системско решение за овој проблем, земјоделките се соочуваат со бројни негативни последици од овие политики како што се несакани абортуси, компликации во бременоста и прерано прекинување со доењето бидејќи не можат да си дозволат да го намалат обемот на работа, со што би го изгубиле и онака малиот приход од земјоделска дејност.Агенда10.30 – 11.30Воведно обраќање за презентација на проблемот и досега преземените чекори за негово решавање- Драгана Дрндаревска, Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација Презентација на мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација- Анастасија Муратовска, Комсијата за спречување и заштита од дискриминација Презентација на предлог решението за овозможување на платено отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство за индивидуални земјоделци- Марина Тошеска, ЛАГ Агро Лидер Улогата на Собранието на РСМ во заштита на правата на земјоделките- обраќање на пратеничките Маја Морачанин, Демократска обнова на Македонија и Рашела Мизрахи, ВМРО- ДПМНЕ, членки на Комсијата за здравство во Собранието 11.30 – 12.15 Прашања и дискусија Потврдете го вашето учество на mrezazazastitaoddiskriminacija@gmail.com