Од 28-30 ноември се одржа обука за зајакнување на капацитетите за недискриминација и за Директивата 2010/41/ЕУ/ за жените од рурални средини, жени земјоделки и здруженија за родова еднаквост во организаицја на Мрежата за заштита од дискриминација во соработка со GLV Agro Leader.
Покрај зголемување на знаењата во областа на дискриминацијата, обуката има за цел, заедничко застапување и вмрежување за пријавување случаи и обезбедување правна помош во случаи на дискриминација. Воедно, ќе биде претставен правниот механизам кој според Мрежата за заштита од дискриминација е решение на проблемот со непостоење на можност за породилно отсуство и право на боледување на жените земјоделки.
Обуката се реализира како дел од проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: „Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост “ кој е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.