Во тек е обука за членките на Мрежата за заштита од дискриминација за зголемување на нивните капацитети за застапување во текот на пристапниот процес кон Европската Унија со фокус на маргинализираните заедници и жените од руралните средини. На обуката учествуваат и претставнички на GLV Agro Leader со кои Мрежата партнерски соработува.
Обучувачка е Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за Европски политики, и Diana KObas Deskovic која ќе ја одржи обуката за Политичката рамка на ЕУ и меѓународни иницијативи за унапредување на положбата на жените фармери, и Директива 210/40/ЕУ и практичната имплементација во хрватска и други Европски држави.
Оваа активност се работи во рамки на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: „Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост “ кој е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.