Вчера, на 19 Април 2022, започна дводневната обука за членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во организација на Мрежата за заштита од дискриминација.
Една од специфичните цели на Мрежата е зајакнување на капацитетите и практиките на надлежните институции за заштита од дискриминација па во таа насока се одржува настанот согласно потребите од напредна едукација на членовите на Комисијата како и на кадарот од административната служба. Обуката се реализира врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со Комисијата а во насока на унапредувањето на знаењата во различни области од антидискриминациското право базирано на теоретско учење но и од практични случаи.
Настанот се реализира во рамките на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: „Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост “ е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.