Мрежата за заштита од дискриминација ве поканува на завршната конференција од проектот: Здружена акција за унапредување на еднаквоста и социјалната правда на маргинализираните заедници, финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.Завршната конференција ќе се одржи на 28 февруари (понеделник) со почеток од 11.00 до 13.30 часот, онлајн на платформата ZOOM. Линк до настанот: https://us02web.zoom.us/j/82964887018
Социјалната правда и нееднаквоста се дел од клучните проблеми на нашето општество, кое со децении наназад генерира сиромаштија и социјална нееднаквост за едни, а незаконски привилегии за други.
Придонесот кон унапредувањето на политиките и практиките за спречување и заштита од дискриминација и пристап до социјална правда е цел која вклучува широко и: 1) Унапредено разбирање на врските помеѓу недискриминацијата и социјалната правда помеѓу донесувачите на одлуки и стручната јавност; 2) Унапредување на политиките, законската и институционалната рамка за спречување и заштита од дискриминација со фокус на социјални права.
СО ЗАДОВОЛСТВО ВЕ ПОКАНУВАМЕ ДА ПРИСУСТВУВАТЕ НА ПРОМОЦИЈАТА НА НАЈНОВИТЕ ИСТРАЖУВАЊА:
„СЕКОЈДНЕВНИОТ И ЕМОЦИОНАЛНИОТ ЖИВОТ НА НЕПРАВДАТА: ДИСКРИМИНАЦИЈА, ЗДРАВЈЕ И РЕЛАЦИИ“ ОД АВТОРИТЕ АНА БЛАЖЕВА И СЛАВЧО ДИМИТРОВ;
„ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГОТ НА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВО ДЕЛОТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ УСЛУГИ ВО ПЕРИОДОТ ЈУНИ 2019 – ЈУНИ 2021“ ОД АВТОРКИТЕ ТОНА КАРЕВА, ХРИСТИНА ЗДРАВЕСКА И АНТИГОНА АЉИЛИ.
Мрежата креира и своја нова веб страна која ќе биде промовирана на саиот настан.
Модераторка на настанот: Маја Атанасова, Млади Правници, Мрежа за заштита од дискриминација