Emri i plotë i organizatës dhe shkurtesa

Rrjeti kombëtar kundër dhunës mbi gratë dhe dhunën në familje

Niveli i veprimit

Shkup/Kombëtar

Grupet qëllimore me të cilat punon organizata:

Gratë, gratë viktima të dhunës me bazë gjinore, gratë viktima të dhunës në familje

Shërbimet të cilat ofrohen Мрежата:

Ndihmë juridike falas, ndihmë dhe mbështetje falas psikologjike, ofrim shërbimesh sociale falas, linjë për prindërit, .. Rrjeti ofron shërbime të drejtpërdrejta për viktimat e dhunës (linja SOS, strehimore, ndihmë juridike falas, ndihmë psiko-sociale, mbështetje për viktimat, ndihmë për riintegrimin dhe rehabilitimin, ndihmën për strehimin) përmes organizatave anëtare dhe Zyrës ekzekutive të Rrjetit.

Orari i punës на Мрежата:

Çdo ditë pune prej ora 09.00 – 16.00

ЖЕНСКИ ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА – СКОПЈЕ на Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, e специјализирано советувалиште за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство, кое нуди сеопфатни услуги согласно индивидуалните потреби на самите жртви. 

Целни групи со кои работи Центарот:

Жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство.

Услуги и сервиси кои ги нуди Центарот:

  • Психолошко советување и поддршка – се одвива преку  индивидуални континуирани сесии, со кои им се овозможува на жените кои сакаат да го прекинат кругот на насилство, да го напуштат или доколку веќе го напуштиле насилниот партнер, да се зајакнат, да ги надминат преживеаните трауми и да го променат дотогашниот начин на живеење и преку групно советување, со кое членовите на групата имаат можност да дискутираат на различни теми поврзани со преживеаното насилство и да ги споделат своите искуства. 
  • Поддршка во остварување на социјални права – по направениот иницијален разговор, социјалната работничка прави процена на моменталната состојба на жената и нејзините деца (доколку ги има), на нивните потреби и ја информира жената за можностите за остварување на права од социјална и здравствена заштита кои и следуваат. Освен тоа, социјалната работничка ја придружува жртвата до други институции со цел остварување на права од социјална, детска и здравствена заштита. Социјалната работничка прави процена на степенот на образование и вештините на жртвата, и согласно процената, заедно со жртвата идентификува соодветни програми за унапредување на вештините и образованието.
  • Правна помош и поддршка – информации за заштитата која може да ја побараат од надлежните институции и граѓански организации, придружба до институции кои што имаат надлежност да обезбедуваат заштита и поддршка, советување за правата и законските постапки, советување за достапните мерки за заштита, информации за привремените мерки за заштита и нивно спроведување, информации за кривично правната заштита и помош во поднесувањето на претставки за постапување/непостапување на надлежните институции до релевантниот орган. Правната помош вклучува и застапување во судски постапки. Адвокатката со која соработува Женскиот центар за поддршка- Скопје ги води случаите со висок степен на доверливост и е располагање на клиентката за која е ангажирана. 
  • Кариерно советување и економско јакнење – менторката за кариерно советување работи со жени кои преживеале насилство, а кои се невработени или имаат ниски примања. Преку индивиидуални сесии, менторката и помага на жената во откривање на можностите за кариера, избор на професија за себе, приоритет на професионалните цели, управување со времето, развој на кариера итн.

Контакт информации за Женскиот центар за поддршка:

  • Психосоцијално советување и поддршка – секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на телефонскиот број  075 255 154 и на е-маил: sovetuvaliste@glasprotivnasilstvo.org.mk
  • Правна помош и поддршка – секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на телефонскиот број 075 304 802 и на е-маил:  pravnapomos@glasprotivnasilstvo.org.mk
  • Линијата за позитивно родителство – секој  работен ден од 15:00 до 20:00 часот на телефонскиот број: 075 230 530 и на е-маил: linijazaroditeli@gmail.com 

Facebook профил: https://www.facebook.com/sovetuvalistezazeni/


Informacion Kontakti

Rrjeti kombëtar kundër dhunës mbi gratë dhe dhunën në familje

Telefoni: +389 2 609 0066

Е-mail: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Ueb faqja: www.glasprotivnasillstvo.org.mk