Покана за прес конференција по повод изборот на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација на 23.12.2023 (сабота) во 10.00 часот во Социјален клуб Комитет  (катна гаража Беко) ќе одржи прес-конференција во врска со изборот на членови на КСЗД.

Денес на пленарна седница Собранието ќе донесе одлука за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Комисијата за прашањата за изборите и именувањата на вчерашната седница ја утврдија листата на кандидати. По петгодишен мандат добија кандидатите/ките Флора Кадриу, Душан Томшиќ и Зекир Абдулов, а Драгана Дрндаревска, доби мандат од 1 година 2 месеци и осум дена.

Изборот на членови на КСЗД го сметаме за партиски и незаконит, со што се нарушува владеењето на правото, се покажува крајна негиржа за човековите права и еднаквоста на граѓаните, а од страна на пратениците ова претставува злоупотреба на службената положба за остварување на партиски цели. Преку изборот се врши политичка дискриминација преку давање предност на кандидати кои не ги исполнуваат условите, кон кандидатите кои ги исполнуваат. На прес- конференцијата ќе се обрати и една од избраните кандидатки, Драгана Дрндаревска, која доби мандат од една година и два месеци, иако е единствената независна експертка која ги исполнува законските криетриуми помеѓу избраните кандидати.

Лице за контакт: Тона Карева

+389 (0)2 3119 073 +389 (0)78 220 694