Претставничките на мрежата за заштита од дискриминација Елена Петровска, Данче Данилоска Бајдевска и Наташа Петковска остварија средба со Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и раководителката на секторот за еднакви можности Светлана Цветковска

Претставничките на мрежата за заштита од дискриминација Елена Петровска, Данче Данилоска Бајдевска, Наташа Петковска и претставничката на ЛАГ Агро Лидер Марија Тошеска остварија средба со Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и раководителката на секторот за еднакви можности Светлана Цветковска.

Средбата помина во констуркитвна атмосфера каде Мрежата за заштита од дискриминација со поддршка на Фондацијата Отворено општество најави дека ќе обезбеди техничка и финансиска поддршка на активности за работа на проблемите на жените во руралните средини и остварувањето на нивните права од социјална и здравствена заштита и беше договорено да се формира мултисекторска работна група која ќе биде сочинета од сите релевантни чинители каде со еден широк спектар на активности ќе се делува координирано и здружно.