Можете да пријавите случај на дискриминација во:

Мрежа за заштита од дискриминација

Доколку имате потреба од консултација за одреден случај за извршена дискриминација или сакате да пријавите случај на дискриминација, можете да ни се обратите на следната адреса:

mrezazazastitaoddiskriminacija@gmail.com

или пак директно на нашата ФБ страница: Мрежа за заштита од дискриминација | Facebook


Пријавување на дискриминација или повреда на човeкови права во Коалиција Маргини

Документирањето на случаи е програма на Коалиција Маргини преку која прибираме информации за повредите на правата на маргинализираните заедници. Документирањето случаи на прекршување на правата е писмен опис на случаите во кои правата на маргинализираните заедници биле прекршени. Формуларот содржи прашања за детални податоци за повредата на правата, вклучително податоци за жртвите, податоци за сторителите, податоци за постапки пред надлежни органи и податоци за настанот во кој биле повредени правата.

Во фокус на документирањето на случаи се повредите на правата кон маргинализираните групи како: ЛГБТИ, сексуални работници, жени жртви на насилство, лица со попреченост, Роми и други етнички малцинства, луѓе што живеат со ХИВ, луѓе што употребуваат дроги, сиромашни граѓани, лица под социјален ризик и други.

Можете да пријавите случај на дискриминација на следниот линк:

Формулар за документирање случаи


Пријава на дискриминација во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација можете да пријавите каков било случај на дискриминација. Тоа можете да го направите на следните начини:

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има свој ФБ профил на кој можете повеќе да се информирате околу нивната работа: Комисија за спречување и заштита од дискриминација | Facebook


Пријавувањето на случаи на извршена дискриминација од страна на државни органи и органи со јавни овластувања можете да пријавите кај Народниот Правобранител.

Детали околу пријавувањето на случај кај Народниот правобранител, или негови Заменици правобранители во повеќе градови низ државата можете да најдете на следните контакт податоци:

ул. “Македонија” бр.19 (зграда на ТД „Макошпед”)
тел: 02 3129 335; факс: 02 3129 359
e-mail: contact@ombudsman.mk

http://ombudsman.mk/