Погледнете ги податоците за сторена дискриминација во најновиот тромесечен Информатор на Мрежа за заштита од дискриминација за периодот јануари – март 2022 година.
Нееднаквиот третман кон определено лице или група на лица поради нивните лични карактеристики претставува дискриминација. Основите, видот и областите во кои дискриминацијата се забранува најдетално се опфатени со Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Прифаќањето на различностите и заштитата од дискриминација се многу важни за напредокот на секое општество. Од овие причини, Мрежата за заштита од дискриминација ги набљудува случаите на дискриминација, активностите на државата и останатите здруженија на граѓани во делот на превенцијата и заштитата од дискриминација. Информаторот ги прикажува податоците од набљудувањето во текот на едно тримесечје.
Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондација Отворено општество – Македонија. Информаторот е изработен во рамките на Проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: „Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост “ е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.