Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. е основано во септември 2018, а започна со активна работа во јануари 2019 година.

Самиот термин “станица” е место каде што луѓето секогаш можат да се обратат, а зборот “ПЕТ” е акроним и означува правна едукација и транспарентност. Ова значи дека ова здружение е место каде сите граѓани можат да бидат правно едуцирани и да побараат помош, но и транспарентност и отчетност од институциите.

ОСНОВНИ ЦЕЛИ

  • Да им се овозможи едукација и асистенција на граѓаните во насока на остварување на нивните права, со фокус кон ранливите и маргинализирани групи, посебно кон Ромите, во делот на здравствени и социјални права.
  • Да се поттикнат институциите на системот на транспрантност и одговорност во работата, прилагодена спрема потребите на граѓаните.
  • Да се промовира еднаквост на граѓаните по сите основи, преку преземање на активности за превенција и заштита од дискриминација.
  • Да се поттикнат физичките и правните лица за нивно вклучување во акции од хуманитарен карактер, со цел намалување на сиромаштијата.
  • Да се овозможат услови за мултиетничка и социјална кохезија и делување преку вклучување на лица од различни етнички, географски и социјален профил како можност да се постигне реален и ефективен придонес за позитивни општествени промени.
  • Да се придонесе кон постигнување на родова рамноправност и справување со постојните нееднаквости помеѓу мажите и жените, во насока на унапредување на вклученоста на жените во општествените процеси.

ВИЗИЈА

Овозможен пристап до правда за секој граѓанин.

МИСИЈА

Да се остварат правните потреби на граѓаните преку поттикнување на отвореност и соработка на институциите.


Контакт информации

Станица ПЕТ Прилеп

ул. Прилепски бранители бр.24/1 – Мезанин, Прилеп

Телефони:

076/278 753

048 620 900

Е-пошта: stanicapet@gmail.com

Фејсбук старница: www.facebook.com/stanicapet/