ХОПС – Опции за здрав живот Скопје е здружение на граѓани што од 1997 година активно ги спроведува своите програми и активности во Скопје и во останатите градови во Република Македонија. Во 1997 година првпат ги воведе програмите за размена на опрема за инјектирање во Р. Македонија, со цел превенција на ХИВ/СИДА меѓу луѓето што употребуваат дроги и нивните семејства, а три години подоцна, во 2000 година, почна со имплементација на првата програма за поддршка на сексуални работници/ чки во Скопје. Оттогаш наваму успешно развива и спроведува програми за намалување штети од употреба на дрога, превенција на ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи инфекции, како и програми за социјално вклучување на ранливите и маргинализираните заедници во Република Македонија.

ВИЗИЈА

Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.

МИСИЈА

Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здавјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на луѓето што употребуваат дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.


Контакт информации

Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Ул. Христо Смирненски бр. 48/1-6, 1000 Скопје, Северна Македонија

Телефон: +389 (0)2 3 246 205

Е-пошта: hops@hops.org.mk  

Веб-страница: www.hops.org.mk