Најавите за „десоросоидизација“ и делегитимирањето на граѓанскиот сектор во Македонија се закана за основните човекови права
Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира и ја искажува својата загриженост поради последните објави на социјалните мрежи од страна на претставници на политичката партија Левица со повик за дискредитација на граѓанскиот сектор и со закана за обновување на процесот на „десоросоидизација“.