Мрежата за заштита од дискриминација на 15.12.2022 со почеток од 10 часот ќе одржи он-лајн конференција насловена „Предизвици, успеси и научени лекции од спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација 2020-2022“.
Во изменинатиот период Мрежата направи мониторинг над спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и од страна на Народниот правобранител. Воглавно, резултатите покажуваат дека имаме успеси во работата на Комисијата и придвижување кон поефикасна и ефективна заштита од дискриминација. За позитивните аспекти од работата на КСЗД сведочи и зголемувањето на бројот на претставки, но сѐ уште постојат и бројни предизвици особено во превентивно-промотивната и во советодавно-експертската функција. Од друга страна, не се бележи унапредување во работата на Народниот правобранител, а според бројот на претставки можеме да зборуваме и за уназадување. Оттука, мапирани се насоки на измени и дополнувања на Законот за спречување и заштита од дискриминација со цел поуспешно остварување на клучната цел, уживање на правото на еднаквост на граѓаните. Извештаите содржат и препораки за измени и дополнувања на Законот за Народен правобранители и препораки за унапредување на практиките и капацитетите на овие институции.
На конференцијата ќе бидат претставени резултатите од извештаите од мониторингот над спорведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, ќе се дискутираат клучните наоди и ќе се донесат заклучоци.
Извештаите се подготвени во рамки на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост“ поддржан од Фондација Отворено општество- Македонија.
Конференцијата ќе се одржи он-лајн на платформата Зум на следниот линк
Потврдете го учеството на mrezazazastitaoddiskriminacija@gmail.com
Агенда
10.00 – 10.30 Воведни обраќања
Драгана Дрндаревска, правна советничка, Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација
Кире Миловски, Фондација Отворено општество- Македонија
Игор Јадровски, Комисија за спречување и заштита од дискриминација
10.30 – 11.30
Промоција на клучните наоди од Извештајот за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација 2020-2022- Стојан Мишев, Здружение ЕСЕ и Маргарита Глигуровска, ХОПС Опции за здрав живот Скопје
Хармонизација на легислативата со ЗСЗД- Јасмина Иванова, Министерство за труд и социјална политика
Промоција на клучните наоди од Извештајот за работата на Народниот правобранител
со фокус на спречувањето и заштитата од дискриминација (2020 – 2022)- Христина Здравеска, Станица ПЕТ 11.30- 12.00 Дискусија и заклучоци