Полн назив на организацијата и скратеница

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ

Место на делување

Скопје/Национално

Целни групи за кои се наменети сервисите на организацијата:

Жени кои претрпеле семејно насилство, Роми и други ранливи групи на граѓани.

Центар за правна помош (ЦПП), контакт тел: 02 3117 866 и 071 266 101

Во ЦПП жените кои претрпеле семејно насилство се информираат за законските можности за заштита и постапките пред надлежните институции, како што се Центрите за социјална работа, полицијата, судовите и др. Бесплатната правна помош ја обезбедуваат стручни лица адвокати и истата вклучува информации, правни совети и писмени поднесоци за справување со семејното насилство и разрешување на поврзаните правни проблеми:

  • Граѓански постапки за изрекување на привремени мерки за заштита
  • Кривични постапки за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство
  • Развод на брак
  • Старателство над децата
  • Издршка за деца и партнер
  • Делба на имот стекнат во брак (вонбрачна заедница)
  • Утврдување на право на сопственост на имот стекнат во брак
  • Надомест на штета

Психолошко советувалиште, контакт тел: 02 3117 866 и 071 266 101

Психолошката поддршка за жените кои претрпеле семејно насилство се обезбедува од страна на стручно лице психолог. Состаноците со психологот се организираат врз основа на претходно закажување од страна на корисничките на нашите услуги.
Интернет платформа „Побарај совет“, контакт на www.pobarajsovet.mk
Преку интернет платформата „Побарај совет“ обезбедуваме он-лајн информации и правни услуги за жените кои претрепеле семејно насилство. Станува збор за интерактивна платформа која овозможува жените кои претрепеле семејно насилство да постават прашање со цел да добијат правни совети за користењето на законските механизми за заштита од семејно насилство и разрешување на правните проблеми поврзани со насилството, како што се: привремените мерки за заштита; кривични постапки за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство; развод на брак; старателство над децата; издршка за деца и партнер; имотни спорови, надомест на штета и др.
Жените кои претрпеле семејно насилство со едноставна регистрација преку корисничко име и е-маил на www.pobarajsovet.mk можат лесно да пристапат и да побараат правен совет за решавање на проблемите со кои се соочуваат.

_________________________________________________________

Работно време

Секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот


Контакт информации

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ

Центар за правна помош (ЦПП) и психолошко советувалиште

Kонтакт тел: 02 3117 866 и 071 266 101

Интернет платформа „Побарај совет“,

Контакт на: www.pobarajsovet.mk