Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е независна, непрофитна професионална организација основана во 2003 година, која обезбедува правна помош и стратешки застапува за заштита на човековите права. Со знаењето и иновативните капацитети на младите правици, МЗМП се стреми за промоција и унапредување на принципот на владеење на правото и влијае на јавните политики преку подготовка на истражувања и анализи. МЗМП се стреми за општество во кое владеењето на правото е воспоставено а луѓето проактивно се борат за почитување на нивните основни слободи и права.

ВИЗИЈА

МЗМП е водечка организација и сигурен актер во општеството која ги штити човековите права и се залага за владеење на правото, користејќи ја иновативноста и капацитетите на младите правници.

МИСИЈА

МЗМП е непрофитна организација која обезбедува правна помош, гради капацитети, поттикнува промени во јавните политики и примената на законодавството, врши застапување за заштита и почитување на човекови права и правна сигурност.

Стратешки цели на МЗМП 2019-2021

1. Правно зајакнување и заштита на основните човекови права и потреби

2. Унапредување на владеење на правото и воедначување на националните политики со правото на ЕУ

3. Подобрување на квалитетот на услугите на институциите кон граѓаните

4. Зајакнување на професионализмот, стручноста и интегритетот на младите правници


Контакт информации

Македонско здружение на млади правници

Ул. Донбас бр. 14/1-6, 1000 Скопје
Телефон: 02 3220 870
Е-пошта: contact@myla.org.mk
Веб-страница: www.myla.org.mk