Ние сме Фондација Отворено општество ‒ Македонија, дел од глобалната мрежа Фондации Отворено општество основани од американскиот инвеститор и филантроп Џорџ Сорос, а во Македонија официјално почнуваме со работа во 1992 година.

Посветени сме на креирање динамично и толерантно општество во кое граѓаните се свесни и активни, а властите отчетни, општество во кое сите ќе имаат еднакви можности да ги искористат своите потенцијали, да бидат вклучени во донесувањето одлуки, да иницираат промени, општество во кое се почитува различното мислење и се негува и развива критичката мисла.

Нашата поддршка, во најголем дел е изразена преку грантови за граѓанските организации, неформални групи и индивидуалци, кои во повеќе области, сите на свој начин, работат на промовирање на вредностите на отвореното општество.

Од 1992 до денес Фондацијата вложи повеќе од 100 милиони долари за демократизација на македонското општество и подобрување на животот на граѓаните што останува и понатаму наш фокус и секојдневно и на повеќе полиња отвораме многу прашања кои се од интерес за сите граѓани.

Активно поддржуваме решенија кои ќе овозможат развој на граѓанското општество, унапредување на здравството и образованието, зајакнување на владеењето на правото, почитување и заштита на човековите права, слобода на говорот, младинската ангажираност, интеграцијата на Ромите и на другите маргинализирани заедници, кои ќе овозможат борбата против корупцијата, но и пристап до правда за сите граѓани подеднакво.


Контакт информации

Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ)

Бул. Јане Сандански 111, П. фах 378, 1000 Скопје

Телефон: +389 2 2444 488

Е-пошта: fosm@fosm.mk

Веб-страница: www.fosm.mk