На 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, закажана за 24.04.2019 година ставени се на гласање 18 закони и уште неколку барања за автентично толкување на одредбите на повеќе закони. Во листата на закони повторно недостасува Законот за спречување и заштита од дискриминација кој беше изгаласан на 11 март 2019 година, но не беше потпишан од Претседателот на државата.
Со оглед на тоа дека предолго чекаме на усвојување на овој закон, сметаме дека Собранието не смее да го одлага повторното гласање и стапувањето во сила на овој Закон бидејќи од истиот зависи состојбата со човековите права во Република Северна Македонија и евроинтегративните процеси на земјата.
Поради ова, Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието на Република Северна Македнија веднаш да го дополни дневниот ред и да го стави на гласање Законот за спречување и заштита од дискриминација, по што ќе се објави во Службен весник и ќе почне да се применува во духот во кој е напишан.
Contact person: Наташа Бошкова 075 200 805
Скопје 22.04.2019 год.
Проектот „ЗСЗД под лупа: Следење на спроведувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација“ е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.