од 29-31 Март, Мрежата за заштита од дискриминација заедно со Комисија за спречување и заштита од дискриминација спроведоа обука за запознавање до механизмите за спречување и заштита од дискриминација, законската и институционалната рамка и спроведувањето на истата на локално ниво. Обуката се организираше во рамки на проектот „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ спроведуван од страна на Коалиција Маргини, Македонско здружение на млади правници, Хелсиншки комитет за човекови права, Локална Акциона Група Вардар ЛЕАДЕР и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во рамки на програмата Civica Mobilitas.
На обуката присуствуваа претставници на општини (координатори за еднакви можности или други лица вработени во општината), претставници на подрачните одделенија на Министерство за правда кои даваат бесплатна правна помош и претставници на здруженија на граѓани кои работат на локално ниво.
Учесниците стекнаа знаења за видовите и основите на дискриминација, постапката за заштита од дискриминација пред Комисијата, обврските на локалната самоуправа од Законот за спречување и заштита од дискриминација и улогата на подрачните одделенија на Министертвото за правда во однос на обезбедување правна помош на жртвите на дискриминација. Обуката придонесе кон воспоставување на соработка помеѓу институциите на локално ниво во однос на спроведување на активности за превенција од дискриминација и во однос на овозможување заштита од дискриминација на граѓаните на локално ниво.
#CHinMK
#CivicaMobilitas