Полн назив на организацијата и скратеница

ХОПС- Опции за здрав живот Скопје

Место на делување

Скопје/Национално

Целни групи со кои работи организацијата:

Сексуални работници, луѓе кои употребуваат дроги и нивните семејства

Услуги и сервиси кои ги нуди

1.Правен сервис:
-Бесплатна правна помош во повеќе области – човекови права, кривично право, граѓанско и стопанско право, семејно, прекршочно, управно право, дискриминација и друг. Услугите се даваат во форма на совети, упатувања, изготвување на документи, придружување до институции и низ процедури, застапување пред надлежни судови за стратешки случаи каде има сериозно прекршување на човекови права и дискриминација. Документирање на случаи на кршење на човекови права, што преставува значајна алатка за прибирање на податоци, следење на трендови на прекршување на права, анализа и креирање аргументи за застапување за подобрување на состојбата, како и за изготвување на извештаи во сенка пред меѓународни тела и организации.

Бесплатна правна помош согласно закон:

  • иницијален правен совет за правото на користење на бесплатна правна помош,
  • општа правна информација,
  • општ правен совет,
  • помош при комплетирање на барањето за секундарна правна помош,
  • помош при пополнување на формулари, обрасци издадени од управен орган во управна постапка за социјална заштита и заштита на правата на децата; пензиско, инвалидско и здравствено осигурување; заштита на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство; постапка за упис во матична книга на родени; стекнување со документи за лична идентификација и државјанство,
  • составување на претставки до Комисијата за заштита од дискриминација и до Народниот правобранител и барања за заштита на слободи и права до Уставниот суд на Република Северна Македонија.

2.Социјален сервис:
Информации и советувања за потребните документи за остварување на права од областа на социјална заштита, здравствена заштита, детска заштита со цел надминување на основните социјални ризици во кои се наоѓа поединецот. Мотивација на клиентите да пријавуваат случаи и придружба до институции.

3.Сервис на психолог и психијатар:
Овој сервис вклучува вентилациона и супортивна психотерапија, советување за терапевтски модели и пристап при зависност од дроги, индивидуална трансакциона психотерапија, индивидуални советувања и работа во групи, работа со луѓе што употребуваат дроги и со нивни семејства; индивидаулни советувања со сексуални работници.

4.Услуги од педагог
Овој сервис вклучува работа со деца на лица што потребуваат дроги поврзана со описменување, социјализација, групни и индивидуални едукативни работилници со деца, помош при изработка на домашни задачи од рамките на редовното школување, развој на секојдневни вештини (хигиенски навики, бон-тон за деца), усвојување на основни едукативни поими, креативни работилници, организирање на настани и сл.

5.Медицински сервис

  • Процена на општа здравствена состојба, базичен третман на рани настанати од долготрајно и неправилно инјектирање, едукација и советување за видови на дроги, штетни последици од употребата на дроги, превенција на ХИВ/СИДА, Хепатитис Б и Ц и други по крвен и сексуален пат преносливи инфекции;
  • Мотивирање на клиентите за лекување со постоечките модели на третман на зависности од дроги во РМ;
  • Информации за сексуално и репродуктивно здравје

6.Размена на опрема за инјектирање, дистрибуција на кондоми и информaтивен материјал

  • дистрибуција на стерилна опрема за инјектирање,
  • враќање на веќе искористена опрема за инкетирања,
  • дистибуција на кондоми

7.Параправна поддршка
Параправната поддршка се состои советување, информирање и мотивирање на тешко достапните луѓе кои употребуваат дроги за остварување на нивните права преку врсничка едукација. Како и развивање на неопијатна сцена.

Работно време

Програма за намалување на штети од употреба на дроги

1.Дроп ин центар во Кисела Вода:
Работно време: 10 -14 часот секој работен ден
Телефон: 02 3130 058
Сервиси: сервис за размена на опрема, социјален, медицински, правен сервис, ХИВ советување и тестирање, креативни работилници, едукации

2.Дроп ин центар во Шуто Оризари:
Работно време: 10 -14 часот секој работен ден
Телефон: 02 5211734
Сервиси: сервис за размена на опрема, социјален, медицински, правен сервис, едукации

3.Теренски тим:
Работно време: 07.30 -10 часот и од 11 – 15 секој работен ден
Телефон: 075 76 99 48
Сервиси: сервис за размена на опрема, социјален, медицински сервис

4.Теренски тим за малолетни лица кои употребуваат дроги:
Теренски активности два – три пати неделно

5.Дневен центар за рехабилитација и ресоцијализација за луѓе што употребуваат дроги и нивни семејства:
Работно време: 10 -15 часот секој работен ден
Телефон: 02 511 2684
Сервиси: психолог, психојатар, педагог, креативни работилници, едукации

6.Параправна поддршка
Тим: параправници
Сервиси: едукација на терен

Програма за поддршка на сексуални работници и нивните семејства

1.Дневен центар за поддршка на секаулни работници
Работно време: 13 -17 часот секој работен ден
Телефон: 02 2630 499
Сервиси: дистирбуција на кондоми и лубриканти, социјален и правен сервис, психолог, ХИВ советување и тестирање, сервис за размена на опрема, едукации, користење на машина за перење, туш, оброк

2.Теренски тимови за сексулни работници
Телефон: 02 2630 499
Тим: социјален и теренски работник
Сервиси: дистирбуција на кондоми и лубриканти, социјален сервис

Параправна помош
Телефон: 02 2630 499
Тим: параправници
Сервиси: правна помош и едукација на терен

Бесплатна правна помош согласно закон: Од понеделник до петок од 10:00 до 15:00 часот.


Контакт информации

Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Ул. Христо Смирненски бр. 48/1-6, 1000 Скопје, Северна Македонија

Телефон: +389 (0)2 3 246 205

Е-пошта: hops@hops.org.mk  

Веб-страница: www.hops.org.mk