Информации за членство во Мрежата за заштита од дискриминација

Начини и принципи на работа на МЗД:

Мрежата за заштита од дискриминација работи на унапредување на политиките и практиките за спречување и заштита од дискриминација преку стратешко застапување на случаи, тестирање и набљудување на работата на институциите, јакнење на капацитетите на заедниците, институциите и другите клучи актери, промоција на еднаквоста, недискриминацијата и човековите права на маргиналзиираните заедници, спроведување на истражувања и анализи во областа на анти-дискриминацијата, учество во донесување на одлуки и иницирање на промени во политиките и законите, известување и застапување пред регионалните и меѓународните механизми за човекови права и еднаквост со цел унапредување на еднаквоста во Република Северна Македонија.

Мрежата за заштита од дискриминација работи преку редовни состаноци и заедничко спроведување на активности. Членките редовно споделуваат информации за случаи, процеси и начин на постапување на институциите, соработуваат во креирањето на активности и во спроведувањето, заеднички застапуваат и се координираат при застапувањето, ја подджуваат и промовираат каузата на Мрежата за заштита од дискриминација и каузите на членките. Притоа, активно учествуваат во спроведувањето на активностите на мрежата, навремено и квалитетно ги исполнуваат задачите, редовно комуницираат преку емаил група. Членките се должни да постапуваат одговорно, доверливо и да го почитуваат принципот на еднаквост и недискриминација во заедничкото делување.   Членките заеднички обезбедуваат средства за работење на Мрежата и имаат обврска да отстапат дел од своите човечки, технички и финансиски капацитети за функционирање на Мрежата, а согласно потребите.

Вредности на Мрежата за заштита од дискриминација:

  • Суштествена еднаквост; 
  • Социјална правда;
  • Родова еднаквост;
  • Промоција на различностите;
  • Транспарентност, отчетност и одговорност;
  • Добро владеење и
  • Соработка.

Критериуми за членство во МЗД:

Здруженија кои ги исполнуваат следните критериуми можат да аплицираат за членство:

  • здружение, фондација или сојуз регистрирани согласно Законот за здруженија на граѓани минимум 6 години од денот на поднесување на апликацијата.
  • активно да работи на спречување и заштита од дискриминација, минимум 5 години, и истото да може да се докаже преку спроведени програми и проекти, активности, постигнати резултати во областа на еднаквост и недискриминација.
  • да нуди правна помош за одредена маргинализирана група или групи граѓани, или општа популација минимум 3 години.
  • да има вработено или ангажирано правник
  • да работи согласно и да ги промовира целите, активностите, начините на работа и вредностите на Мрежата за заштита од дискриминација
  • да искаже подготвеност да ја поддржува Мрежата песонално, технички и финансиски.

Начин на аплицирање за членство:

За да аплицира за членство, здружението треба да достави пополнета апликација и документи со кои покажува дека ги исполнува горенаведените критериуми. Документите се доставуваат на емаил mrezazazastitaoddiskriminacija@gmail.com

Мрежата за заштита од диркиминација ќе одговори на барањето за членство во рок од два месеци од добивање на апликацијата. Членките на мрежата ја разгледуваат апликацијата, дискутираат и донесуваат одлука со консензус.

Заинтересираните здруженија треба да ги достават следните документи:

  • Решение за регистрација;
  • Стретешка рамка и/или акциски планови на здружението од последните 5 години, годишни извештаи од последните 5 години и портфолио на спорведени и тесковни проекти од последните 5 години кои содржат податоци за донаторот, клучните активности, цели и постигнатите резултати од проектите;
  • Извештаи од обезбедена правна помош од последните 3 години, кои содржат податоци за бројот на обезбедени услуги, застапувани случаи, успешно застапувани случаи, стратешко застапување и слично;
  • Договор за вработување или за ангажирање на правник;
  • Изјава потпишана од одговорно лице со која се искажува подготвеност да се работи кон остварување на целите и активностите на Мрежата, да се промовира работењето на Мрежата на национално и меѓународно ниво и да се поддржи мрежата песонално, технички и финансиски;
  • Целосно пополнета апликација за членство, достапна овде: