Зајакнување на капацитетите за недискриминација и за Директивата 2010/41/ЕУ/ за жените од рурални средини, жени земјоделки и здруженија за родова еднаквост

Од 28-30 ноември се одржа обука за зајакнување на капацитетите за недискриминација и за Директивата 2010/41/ЕУ/ за жените од рурални средини, жени земјоделки и здруженија за родова еднаквост во организаицја на Мрежата за заштита од дискриминација во соработка со ЛАГ Агро Лидер.

👉 Покрај зголемување на знаењата во областа на дискриминацијата, обуката има за цел, заедничко застапување и вмрежување за пријавување случаи и обезбедување правна помош во случаи на дискриминација. Воедно, ќе биде претставен правниот механизам кој според Мрежата за заштита од дискриминација е решение на проблемот со непостоење на можност за породилно отсуство и право на боледување на жените земјоделки.

Обуката се реализира како дел од проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: „Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост “ кој е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.